Тен Хаг е под голем притисок пред дербито против Ливерпул

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг/фото: EPA-EFE/Peter Powell

Денеска во 17 коло ќе се игра дербито во Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед на стадионот „Енфилд“ со почеток од 17.30 часот. Играчите предводени од Јирген Клоп се во низа од три победи и моментно се првопласирани на табелата со 37 бодови, додека фудбалерите на Ерик тен Хаг се на седмата позиција со 27 бодови.

Во последниот меѓусебен дуел одигран во март Ливерпул пред своите навивачи го декласираше Манчестер јунајтед со 7:0. Менаџерот на „црвените ѓаволи,“ Тен Хаг е под голем притисок поради лошите резултати сезонава. По поразот од Баерн дома доживеа елиминација од Лигата на шампионите, а воедно не обезбеди ни европска пролет.

По слабиот старт на сезоната, се чинеше дека Јунајтед се врати на правиот пат, кога беше во одлична серија од пет триумфи во шест кола, но повторно влезе во криза по поразите од Њукасл (1:0) и Борнмут (3:0).

Холандскиот стручњак Тен Хаг целосно потфрли, неговите засилувања се покажаа како целосни неуспешни и во британските медиуми се шпекулира дека нов пораз на „Енфилд“ може да доведе до отказ.

Она што дополнително ја комплицира работата на Тен Хаг е фактот што Јунајтед традиционално игра многу слабо на „Енфилд“, на последните пет дуели на познатиот стадион, Ливерпул забележа четири победи и едно реми, а исто така вреди да се напомене дека Манчестер јунајтед постигна само еден гол на тие натпревари.

Според најавите за денешниот меч, Ливерпул ќе биде без Матип, Алкантара, Робертсон, Жота и Макалистер, а на спротивната страна ќе отсуствуваат Фернадеш, Мегваер, Маунт, Ериксен, Мартинез, Марсијал, Каземиро и Маласија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот