Телефонски разговор Стоев – Османи за автобуската несреќа

Бујар Османи
Бујар Османи/ Фото С.П / Драган Митрески

Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев телефонски разговарал со својот колега од Република Северна Македонија Бујар Османи, кој е на пат за Бугарија во врска со тешката автобуска несреќа на автопатот Струма.

Бугарското МНР соопшти дека Стоев изразил искрено сочувство до роднините на загинатите, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите.

Бугарскиот министер за надворешни работи го увери својот колега од Република Северна Македонија дека нашата земја ќе обезбеди целосна помош во истрагата на сообраќајната несреќа, како и во пружањето помош на настраданите во несреќата. Двајцата се договориле да се сретнат во болницата Пирогов каде се сместени повредените во сообраќајката, се вели во соопштението од МНР на Бугарија.

СТРАШНА ВЕСТ: Македонски автобус се запали во Бугарија, најмалку 45 загинати и седум повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот