Тела на две девојчиња пронајдени во канал во Флорида

Телата на двете девојчиња биле пронајдени во канал во Флорида, а полицијата работи на нивно идентификување. Полицијата прво добила извештај во вторникот за тело што лебди во канал во градот Лодерхил, изјави за ABC News денес полицаецот Мајкл Сантијаго од полициската станица во Лаудердајл.

Полицијата на тоа место пронашла тело на девојче помало од 13 години.

Властите се обидуваат да утврдат дали пронајдената девојка живеела во областа, но досега никој не одговорил со информации, рече Сантијаго.

Синоќа полицијата добила друга пријава, за тело на друга девојка, приближно на иста возраст, и го нашла нејзиното тело во истиот канал, но подалеку од север.

Засега не се познати причините за смртта на девојчињата, рече Сантијаго, додавајќи дека никој не го пријавил нивното исчезнување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот