Тексас од следната недела го укинува задолжителното носење на маски

Фото: EPA-EFE/Luis Torres

Во Тексас ќе биде укината одлуката за задолжително носење маски, а сите компании ќе започнат со работа со полн капацитет од следната недела, соопшти гувернерот на оваа американска држава, Грег Абот.

– Време е 100 проценти да го отвориме Тексас, рече републиканскиот гувернер на Тексас.

Тексас е најголемата американска држава што ја укинува одлуката за задолжително носење маски, а Абот, како што потсетува „Си-Ен-Ен“, се соочи со критики од неговата партија поради изречената мерка во јули минатата година.

Во Тексас од почетокот на пандемијата, од ковид-19 починаа повеќе од 42.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот