Тања Савиќ го пријавила сопругот за киднапирање на децата: Му се закануваат 30 години затвор!

Српската пејачка Тања Савиќ по четири месеци молчење го пријавила својот сопоруг Душан Јовановиќ за киднапирање на нивните синови Максим и Ѓорѓе. Според пишувањето на српските медиуми, Јовановиќ би можел да биде осуден на парична, како и на затворска казна.

Тања Савиќ / Фото: Инстаграм пост @tanjasavic

Пејачката од мај годинава се обидувала на мирен начин да го реши спорот со сопругот за тој да не сноси последици, но сега одлучила да се бори за децата по секоја цена, пишуваат српските медиуми.

„Душан ги однесе децата во Австралија без согласност на Тања. Таа беше убедена дека ќе го реши проблемот, меѓутоа откако ѝ забрани да се слуша со децата по телефон, пејачката е очајна. Го пријави во полиција, а нејзиниот адвокат испратил пријава во австралиската полиција. Министерството за надворешни работи и Министерството за правда е запознаено со нејзиниот случај и ќе направи сè за децата да ѝ се вратат“, изјавил близок пријател на Тања Савиќ за медиумите.

Тања Савиќ со нејзините две деца Ѓорѓе и Максим / Фото: Инстаграм пост @tanjasavic

Тој нагласил дека во Австралија жените се многу заштитени и дека Тања би ги добила своите деца во рок од неколку дена. Проблемот, како што наведува изворот е што децата се австралијански државјани, а Тања сака со нив да живее во Србија.

Последната фотографија што Тања ја објавила со сопругот Душан е од февруари годинава, но интересно е што под објавата може да се забележи како многумина искоментирале „ти не си за овој човек, заслужуваш повеќе“, „очите ти се среќни на првата, но не и на втората фотографија“ и слични коментари.

Последната фотографија што Тања ја објави со нејзиниот сопруг на социјалните медиуми, е од годинава на 24 февруари, кога ја сподели оваа фотографија за т.н. 10 years challenge

„Тања нема ни желба ни пари да живее во Австралија. Затоа ќе поднесе барање за старателство над децата и да ѝ биде овозможено да ги донесе во Србија. Таа има доказ дека децата се киднапирани бидејќи имале место на престојување во Белград, оделе на училиште, биле внесени во здравствениот систем. На Душан му се заканува казна затвор од 6 до 30 години затвор, а ќе мора да плати казна од 25 000 долари“, вели изворот.

Тања потврди дека започнала борба за старателство на децата.

„Молчев четири месеци и не сакав во јавност да изнесувам приватни детали, но сега морав да барам помош. Ми велат луѓето што не одиш по своите деца. Не можам едноставно да одам во Австралија и да ги донесам во Србија. Јас дури и не сум државјанин на Австралија. Тогаш тоа би значело дека јас сум ги киднапирала децата од Душан. Барав помош и од нашата држава, но и од австралиските власти и сега ја чекам нивната помош“, напиша Савиќ на нејзниот инстаграм-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот