Талентирана тенисерка го откажа настапот на УС Опен поради семејна трагедија – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Талентирана тенисерка го откажа настапот на УС Опен поради семејна трагедија

Аманда Анисимова нема да настапи на последиот грен слем годинава, УС Опен, поради смртта на својот татко.

Една од најталентираните тенисерки во светот, Аманда Анисимова нема да настапи на УС Опен поради семејна трагедија. Безживотното тело на Константин Анисимов, кој воедно и беше и тренер, е пронајдено во вчера, а се уште не е позната причината за неговата смрт.

Татко и почина само 11 дена пред 18-тиот роденден на Аманда. Американката со руски корени е најмладата тенисерка во ТОП 100 на ВТА листата, таа моментно се наоѓа на 24 место.

Аманда Анисимова пред две години триумфира на јуниорскиот УС Опен победувајќи во финалето уште една млада тениска сензација, Кори Коко Гоф, а на ова издание УС Опен за прв пат требаше да биде носителка.

Пораки за сочуство и испратија голем број на тениски ѕвезди, меѓу кои и нејзината ривалка и пријателка Кори Гоф, како и Марија Шарапова и Ник Кирјос.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close