Тајван со предупредување : Доколку Кина не нападне, сите ќе платат висока цена

Фото: Архива

Тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-Ченгпредупреди дека и Кина и Тајван ќе платат висока цена доколку Пекинг се обиде да организира инвазија врз тајванскиот остров слична на руската. Говорејќи пред новинарите пред седницата на тајванскиот парламент на која ќе се расправа за руската инвазија на Украина, Чиу рече дека „ако избие војна, сите ќе бидат губитници , дури и победниците“, објави Би-Би-Си.

„Смирено го следиме развојот на настаните и соодветно се подготвуваме“, додаде тој.

Руската инвазија на Украина доведе до стравувања во Тајван дека би можел да се соочи со слично сценарио. Тајван се гледа себеси како независна нација со своја влада, но Кина го смета островот за отцепена провинција и најавува дека ќе го врати под кинески суверенитет и кинеските граници .

Минатата недела фразата “Украина денес, Тајван утре!” почна да се шири на тајванските социјални мрежи. Додека властите го зголемија нивото на тревога, претседателот Цаи Инг-вен порача дека постојат „фундаментални разлики“ меѓу конфликтот во Украина и ситуацијата меѓу Кина и Тајван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот