Тајно се крчкаат имињата за новата техничка влада - Слободен печат

Тајно се крчкаат имињата за новата техничка влада

Лидерите и на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со тврд став околу имињата за новата техничка влада. Мицкоски вчера посочи дека втората половина на декември ВМРО-ДПМНЕ ќе ги открие кандидатите за новата техничка влада која треба да ги спроведе изборите за кои лидерите се договорија да бидат на 12 април догодина.

– Немаме персонални решенија. Процесите што во моментов течат ни се важни. Во периодот кој што следи ќе го формираме републичкиот изборен штаб и општинските изборни штабови. Ќе започнеме и со детално мерење на јавното мислење, ќе ги креираме и пораките и клучните зборови кои мислиме да ги рефлектираме пред граѓаните. Ние сериозно се подготвуваме за периодот што следи, а тоа се предвремените парламентарни избори. Имињата јавноста ќе ги дознае благовремено, во втората половина на декември – рече Мицкоски.

За разлика од молкот во ВМРО-ДПМНЕ, за евентуалните предлози, во јавноста веќе се свртеа имиња од СДСМ за позицијата технички премиер. Наводно во игра биле минстерката за одбрана Радмила Шеќеринска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски. Премиерот Заев неодамна рече дека во партијата не била отворена оваа тема.

– Одлуката ќе ја носиме со партнерите во Владата но и во СДСМ. Подготвуваме добра програма, добра кандидатска промоција, добра агенда за прошетка по сите градови и села. Целта ни е успешно да го доловиме тоа што ќе ни биде идното ветување пред граѓаните. Но, ќе водиме и грижа и за тоа кој ќе ја води Владата во овој период на техничка Влада. Така што можеби овие 2-3 имиња кои се спомнуваат се опции, можеби некое трето ќе биде. Но ве уверувам дека ќе биде најрационалното и најоправданото решение кое ќе го донесеме.Тоа веројатно ќе биде некаде во втората половина на декември – рече неодамна Заев.

Изборниот штаб на овие избори ќе го води Љупчо Николовски. Заменик претседателката на партијата Радмила Шекеринска ќе ги координира активностите за новата партиска изборна програма.

Правилата на Пржинската влада се следни: На 100 дена пред избори да биде назначена новата влада. Техничкиот премиер го предлага власта, а ВМРО-ДПМНЕ ги пополнува министерските места во МВР и во труд и социјала. Ги прадлага и замениците министри во министерствата за финансии, за земјоделство и за информатичко општество и администрација. Од редовите на власта ќе бидат номинирани замениците министри во министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Вака стокмената влада треба да ги спроведе изборите на 12 април догодина.

Прочитај повеќе

Колинда по истекувањето на мандатот ќе го искористи правото на плата и канцеларија

Слободен печат

Силниот земјотрес во Турција фатен во живо во телевизиско студио (ВИДЕО)

Слободен Печат

Дожд од игуани на Флорида поради ниските температури (ВИДЕО)

Слободен Печат

Најмалку 11 загинати во нов милитантен напад во Алепо

Слободен Печат

Расте билансот на жртви и повредени во стравичниот земјотрес во Турција

Слободен печат

Научник пред три месеци ја предвиде епидемијата: Колку е опасен корона вирусот?

Слободен Печат

Остави Коментар

12 − one =

Прочитај повеќе

Астероид ескплодираше во близина на Земјата, неговите остатоци се разлетаа во Северна Америка (ВИДЕО)

Слободен печат

Се зголемува бројот на повредени: Опожарена зграда по разорниот земјотрес во Турција (ВИДЕО)

Слободен Печат

Пендаровски и Мишел се согласија дека иднината и судбината на Македонија е европска

МИА Агенција

Османи: Македонија е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ

Слободен Печат

Поглед во Вухан – епицентарот на епидемијата на опасниот корона вирус

Слободен печат

Научниците ги открија причините за најголемата експлозија во Вселената

Слободен Печат