Тајната американска ракета буквално ги „меле“ терористите во Сирија (ФОТО)

Фото: Принтскрин/Defense Updates

На интернет се појавија снимки кои покажуваат каков пустош зад себе остава тајната американска ракета која се користи во Сирија.

Фото: Твитер/QalaatAlMudiq

Станува збор за ракетата AGM-114R9X, со која американската војска успеала да погоди еден автомобил на милитанти. Таа е модифицирана верзија од ракетата „AGM-114 Hellfire“. Оружјето се разликува од претходните верзии по механизмот на делување: целта не експлодира, туку се погодува со острици кои се шират кога таа долетува до планираната локација.

Судејќи по фотографиите, „ракетата-острица“ успеала да пробие еден кров на автомобил, а медиумите веруваат дека овој напад е изведен со дрон.

Фото: Твитер/QalaatAlMudiq

Ова оружје било искористено на подрачјето на градот Африн, а во нападот загинаа три лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот