Тајланд го промовира конопот како нов поттик за економијата

Тајланѓаните побрзаа на изложбата на канабис во време кога и понудата и побарувачката за растението растат откако владата го одобри неговата употреба во храната и други производи.

Владата за време на викендот одржа конвенција во провинцијата Бурирам, на североисток од земјата, за да ја едуцира јавноста за употребата на канабис и неговиот економски потенцијал. На посетителите им беа понудени сладолед и пијалоци направени од коноп.

Индустрискиот коноп е род на канабис кој има поголема концентрација на ЦБД, соединение кое не е психоактивно и ниско ниво на психоактивен ТХЦ.

„Гања е sвезда во подем што ќе го подобри квалитетот на нашите животи и ќе ни врати пари во паричниците, во економија што ќе биде подобра од порано“, рече Адид Саридеечаику, директор на агенцијата за јавно здравје „Бурирама“ и организатор на настанот  „Канабисот 360 “ , користејќи го локалното име за коноп.

„Тоа ќе донесе добар квалитет на живот и на нас и на државата“, додаде тој.

Тајланд го промовира канабисот како земјоделска култура, а државната фармацевтска компанија најави дека ќе купи канабис со 12 проценти CBD за 1,5 илјади американски долари.

Законот дозволува седум лица да се приклучат на селска соработка и да поднесат барање за дозвола за производство на коноп.

Тајланд има традиција да користи канабис во медицината и во 2017 година ја легализираше марихуаната за здравствени цели и за истражување за зголемување на приходите од земјоделството.

„Во тајландскиот менталитет треба да се додаде канабис во вкусна супа со јуфки и говедско месо“, рече сопственикот на локалниот ресторан Ситчичан Вутифонкун.

„Канабисот не само што ќе го зголеми прометот на нашите ресторани, туку и на целата економија. Луѓето ќе сакаат да го пробаат, од храна до козметика“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот