Антонио Тајани / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN / POOL

Тајани: Ќе ја признаеме Палестина ако таа го признае Израел

Италија го поддржува решението „два народа, две држави“, но признавањето на новата палестинска држава мора да се случи истовремено со признавањето на државата Израел, изјави денес италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.

„Нè интересира мир, а не победа на едниот над другиот, и ние сме земјата во светот што прими најголем број бегалци од Газа“, нагласи тој на отворањето на Националниот совет на „Форца Италија“.

„Повеќе не можеме да прифатиме масакри и глад“, нагласи тој.

„Дојде време за итен прекин на огнот. Ние сме пријатели на Израел, но му го кажавме ова на Израел“, додаде Тајани.

Во меѓувреме, Франција ќе ја признае Палестина како држава, објави претседателот Емануел Макрон на платформата Икс во четвртокот вечерта.

„Во согласност со својата историска посветеност на праведен и траен мир на Блискиот Исток, одлучив Франција да ја признае државата Палестина“, напиша Макрон.

„Свечено ќе го објавам ова на Генералното собрание на Обединетите нации во септември оваа година“, нагласи тој.

„Мирот е можен“, напиша тој понатаму.

Тој рече дека Французите треба да го покажат ова заедно со Израелците, Палестинците и европските и меѓународните партнери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот