Февруарската серија на Институтот „Фејм’с“ продолжува со концертот „Пронаоѓање на ритамот“
По успешното отворање на февруарската концертна серија, Институтот „Фејм’с“ продолжува со втората концертна вечер на 17 февруари во Камерната сала на Македонската филхармонија, каде ќе биде изведен проектот „Пронаоѓање на ритамот“. Концертот претставува кулминација на интензивна едукативна програма во која учествуваат 30 внимателно селектирани млади музичари од Европа, овојпат насочена кон истражување на ритамот како …

