ВИДЕО | „Ги убивате сите деца, вклучително и вашите“ – струмичани излегоа на протест, бараат чист воздух
Со пораки за итна заштита на јавното здравје и остар револт кон надлежните институции, во Струмица денеска се одржа протест за чист воздух. Граѓаните јавно реагираа на, како што наведоа, долгогодишниот проблем со аерозагадувањето и континуираната институционална незаинтересираност да се преземат ефикасни мерки. Учесниците на протестот носеа транспаренти со пораки: „Колку пари чини еден живот“, …

