Во КИЦ-Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Раскажани стихови: историја на една љубов“
Промоцијата на книгата „Раскажани стихови: историја на една љубов“ од Марина Димитриева – Ѓорѓиевска, во издание на издавачката куќа „Македоника литера“, ќе се одржи на 26 мај, во 19:19 часот, во „Салон 19:19“ при Културно-информативниот центар – Скопје. Книгата содржи суптилна и издржана лирика во која главни теми се љубовта и човечките доблести и слабости. …

