Тачи: Порано или подоцна, Србија ќе одговара за геноцидот во Косово

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

На чествувањето на жртвите од масакрот врз 45 цивили Албанци во селото Рачак, што се случи на денешен ден 1999 година, Тачи побара од меѓународната заедница „да не молчи за злосторствата против човештвото”.

Претседателот на Косово Хашим Тачи, побара денеска правда за сите масакри што се случија во војната од 1998-99 година и порача дека, „порано или подоцна, Србија ќе одговара за геноцидот и етничкото чистење што го изврши во Косово”, јави дописникот на МИА од Приштина.

На чествувањето на жртвите од масакрот врз 45 цивили Албанци во селото Рачак, што се случи на денешен ден 1999 година, Тачи побара од меѓународната заедница „да не молчи за злосторствата против човештвото”.

Нивниот избор да молчат ѝ даваат простор на Србија да го негира геноцидот, иако никој на светот не може да ги негира тие злосторства против човештвото, изјави Тачи.

Претседателот на Албанија, Илир Мета, кој го посети меморијалниот центар во Рачак заедно со Тачи, порача дека секое негирање на масакрот од пред 20 години претставува „опасност од рециклирање на злосторствата во регионот”.

Меморијалниот центар во Рачак денеска го посети и поранешниот шеф на мисијата на ОБСЕ во Косово Вилијам Вокер, кој прв го посети селото на денот на масакрот и го објави извештајот за убиството на цивилите Албанци, оценувајќи го како злосторство против човештвото. Тоа беше повод за интервенцијата на НАТО против српски цели во Косово и Србија, по што во јули 1999 година беше потпишан Кумановскиот договор, со кој српските воени и полициски сили се повлекоа од Косово и се воспостави меѓународната воена мисија КФОР, која е и натаму присутна во земјата.

Почести за жртвите во Рачак денеска оддадоа и премиерот во оставка Рамуш Харадинај, лидерите на најголемите партии на Албанците во Косово, Албин Курти, Иса Мустафа, Кадри Весели, Фатмир Лима, претставници на Безбедносните сили на Косово (ФСК) и на други државни институции и други личности од јавниот живот во Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот