Тачи: Меѓусебно признавање на Косово-Србија може да се случи само во Белата куќа

Косовскиот претседател стравува од следната средба во Брисел.

Косовскиот претседателот Хашим Тачи изрази уверување дека сега по постигнатиот договор за економска нормализација на односите следува меѓусебното признавање меѓу државите Косово и Србија. Тој нагласи дека тоа може да се случи само во Белата куќа и под водство на Соединетите американски држави.

„Верувам дека ако се постигне економска нормализација во Вашингтон, дури и меѓусебно признавање меѓу државата Косово и Србија може да се случи само во Белата куќа и под водство на САД“, рече Тачи на настанот организиран за одбележување на еврејската година Рош Хашана.

Тачи во своето обраќање посочи дека е задоволен од постигнатиот договор за економска нормализација со Србија во Вашингтон, нагласувајќи дека по ова ќе следи признавање меѓу двете земји.

Прочитајте и...  Брисел ја забранува проституцијата поради коронавирусот

Претседателот исто така изрази загриженост за следната средба која треба да се одржи во четврток во Брисел, нарекувајќи ја ризична. Според него, повторното отворање на темата Заедница на општини со српско мнозинство во дијалогот, што се одржува меѓу Косово и Србија во Брисел, е чекор назад за Косово.

„Повторното отворање на прашањето за Заедницата по една деценија, е чекор назад за Косово. Тоа е удар врз државноста на Косово и кршење на суверенитетот и опасност за создавање на „Република Српска на Косово“. За такво нешто, мислам дека косовскиот парламент треба да биде многу внимателен. Никој нема право да седне да разговара или да преговара, а камоли да тврди дека ќе се постигне нов договор за Заедницата“, рече Тачи пред медиумите.

Прочитајте и...  Србинка со новороденче заврши во притвор- била шеф на балканска наркобанда во Шпанија (ВИДЕО)

Во декември 2015 година, косовскиот Уставен суд, во својата одлука по барањето за интерпретација на тогашната претседателка Атифете Јахјага, се изјасни дека Договорот за формирањето на Заедницата на општини со мнозинско српско население кое беше предвидено со првиот бриселски договор од 2013 година, во неговите 23 точки, не е во согласност со Уставот на Косово.

Прочитај повеќе

Песков: Русија е подготвена со ЕУ да го разјасни „случајот Навални”

Маријана Митровска

Макрон жестоко се бори парламентот да не заседава само во Брисел

Слободен печат

Хрватска регистрираше 135 новозаразени со ковид-19

Слободен печат

Бес во Индија по смртта на тинејџерка која беше групно силувана

Нови санкции од Канада и Британија против Лукашенко

Слободен печат

Мицкоски слави роденден, соработниците го изненадија со торта (ФОТО)

Маријана Митровска

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Србија 65 новозаболени од Ковид-19, еден починат

Слободен печат

Среде криза заминува медицински персонал- Главната сестра на Инфективна и две други си дадоа откази

Маријана Митровска

Рускиот историчар Дмитријев осуден на 13 години затвор поради сексуално злоставување на дете

Слободен печат

Нови рестрикции во Германија, на приватни собири до 25 лица

Маријана Митровска

Напаѓачот планирал да ги запали просториите на редакцијата „Шарли ебдо” во Париз, но ја згрешил адресата

Маријана Митровска

СДСМ за изнесените ставови на Мицкоски: Дрско лаже дека биле ветени четири викенди без ДДВ

Слободен печат