СЗО со изненадувачко сознание: Ретко асимптоматичните случаи може да пренесат коронавирус

EPA EFE
Коронавирусот во Шпанија/ Фото: EPA-EFE/JESUS DIGES

Кога луѓе кои немаат симптоми за ковид-19 се следат подолг период за да се види дали ја шират заразата, има многу малку случаи на ширење.

Светската здравствена организација верува дека „ретка“ појава е ширењето на коронавирусот од луѓе без симптоми и покрај предупредувањето на бројни експерти од светот дека таков облик на пренос на заразата е почест и можно е да објасни зошто толку е тешко да се сузбие пандемијата.

Марија ван Керхове, техничка шефица на СЗО за ковид-19 рече пред новинарите дека многу земји пријавувале случаи на ширење на заразата од луѓе кои се асимптоматични или кои немаат клинички симптоми. Но кога од неа беше побарано да пружи повеќе детали за тие случаи, таа рече дека се утврдило дека многу од нив имаат благ облик на болеста или невообичаени симптоми.

Иако здравствените власти од земјите како што се Велика Британија, САД и други предупредија дека ковид-19 се шири од лица без симптоми, СЗО наведува дека ваквиот вид на ширење на заразата не е тоа што ја поттикнува пандемијата, и веројатно претставува најмногу околу шест отсто од ширењето на инфекцијат.а

Ван Керхове рече дека врз основа на податоците од поединечни земји, кога луѓе кои немаат симптоми за ковид-19 се следат подолг период за да се види дали ја шират заразата, има многу малку случаи на ширење.

„Константно ги набљудуваме овие податоци и се обидуваме да добиеме повеќе  информации за вистински да одговориме на тоа прашање. И натаму изгледа ретко асимптоматични поединци навистина натаму да ја пренесуваат заразата“, истакна Керхове.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот