СЗО: Повеќе случаи на ковид-19 се пријавени ширум светот во последните две недели отколку во првите шест месеци од пандемијата

Фото: SOPA Images / Sipa Press / Profimedia

Бројот на заразени со коронавирусот во светот се зголемува деветта недела по ред, додека бројот на смртни случаи е поголем веќе шеста недела по ред, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО) на информативна седница за земјите-членки.

– Повеќе случаи на ковид-19 се пријавени ширум светот во последните две недели отколку во првите шест месеци од пандемијата. Во последните неколку недели, земјите во сите региони на СЗО покажаа постојан нагорен тренд на бројот на случаи на зараза и смртност. Не е време да се спушти гардот, дури и во земјите каде паѓаат бројките, додаде тој.

Од почетокот на пандемијата, повеќе од 3,2 милиони луѓе починале од ковид-19, покажуваат податоците на Џонс Хопкинс.

Најголем број на смртни случаи има во САД – повеќе од 580.000. Бразил брзо и се приближува на Америка со скоро 417.000 смртни случаи, а следува Индија со 230.000 смртни случаи.

Според институтот Џонс Хопкинс, досега во светот се регистрирани 155,6 милиони заразени. САД се први на таа листа со 32,6 милиони заразени, Индија е втора со 21 милион, а Бразил е трет со 15 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот