СЗО постигна напредок во преговорите со „Фајзер“ за дистрибуција на вакцини во посиромашните земји

СЗО/ фото: МИА

Светската здравствена организација (СЗО) постигна напредок во преговорите со компанијата „Фајзер” за вклучување на нивната вакцина против Ковид-19 во портфолиото на вакцини што ќе бидат дистрибуирани во посиромашните земји, изјави денеска високиот советник на СЗО, Брус Ајлвард.

– Ние сме во детални разговори со Фајзер. Веруваме дека ќе имаме пристап до тој производ многу скоро, рече Ајлвард на состанокот на извршниот одбор на СЗО.

Шемата за размена на вакцини на СЗО – Ковакс треба да започне со дистрибуција на вакцини во сиромашните земји и земјите со среден приход во февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот