СЗО ја кажа вистината по теоријата дека 5Г мрежите го шират коронавирусот

Фото: Профимедиа

Светската здравствена организација (СЗО) објаснила на страницата на Мит Бустер (Myth Busters) објаснила кои информации за тоа како се пренесува коронавирусот и како се лечи истиот неточни и предупреди за опасни одредени методи кои во јавноста се препорачуваат од кога запоќна пандемијата.

СЗО истакнува дека моментално нема лекови кои имаат дозвола за лекување или превенција на коронавирусот.

– Иако во тек е испитување на неколку лекови, моментално нема докази дека хидроксихлорокинот или било кој друг лек може да ве излекува или да спречи појава на Ковид-19. Злоупотребата на хидроксихлорокинот може да предизвика сериозни несакани нус ефекти и болести, а може и да биде смртоносен – се предупредува на сајтот.

Никако да не внесувате дезинфекциски сретства во телото

Се предупредува и дека прскањето и нанесувањето на избелувач или на друго дезинфекциско сретство во телото не штити од Ковид-19 и може да биде опасно.

– Ниту под кој било околности не внесувајте избледувач или кое било друго дезинфекциско сретство во телото/ Тие материи можат да бидат отровни ако се испијат и може да предизвикаат иритација и оштетување на кожата и очите. Избледувачот и дезинфекциското сретство треба внимателно да се користи само за дезинфекција на површината – пишува на сајтот.

Истото се однесува и на пиење на метанол или етанол.

– Метанол, етанол и избледувач се отрови. Нивното пиење може да доведе до инвалидитет или да ве усмрти. Тие течности нема да го убијат вирусот во вашето тело, а само ќе ги оштетат вашите органи – истакнуваат од СЗО.

Корона имаат и земји кои немаат 5Г мрежа

Понатаму се негира тврдењето дека вирусите се шират со помош на радио таласи или преку мобилните мрежи и потсетува дека Ковид-19 се шири и во многу други земји кои немаат 5Г технологија. Според пишувањето на СЗО, лажна е информацијата дека со изложеноста на сонце или на температура поголема од 25 степени се спречува заразување од коронавирусот. Потсетуваат дека и во некој земји каде преовладува топлото време е присутна оваа болест. Сајтот ја отфрла теоријата дека домашните муви го пренесуваат Корона вирусот.

– Вирусот кој го предизвикува ковид-19 се шири пред се преку капките настанати од инфицираната личност која кашла, кива или збори – објаснуваат од СЗО.

Окажуваат и на тоа дека внесувањето на бибер или лута пиперка во исхраната не се спречува или не се лечи ковид-19.

– Најдобра заштита од овој вирус е да се држите најмалку еден метар одалеченост од другата личност и често да ги миете рацете – истануваат од СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот