СЗО: Епидемијата се засилува, пикот на пандемијата сѐ уште не е достигнат

СЗО/ фото: МИА

Студиите покажале дека „надвор од секакво сомневање” е дека вирусите можат да патуваат десетици метри во воздухот.

Светската здравствена организација (СЗО) за време на викендот регистрирала околу 400.000 нови случаи на Ковид-19 во светот, што, според неа, покажува дека новата пандемија на коронавирус не покажува никакви знаци на слабеење.

-Епидемијата забрзува. Ние се уште не сме го достигнале пикот на пандемијата, изјави денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејзус, на онлајн прес конференција во Женева.

СЗО, исто така, соопшти дека ги признава „новите докази” за пренесување на коронавирусот преку воздух.

Меѓународна група од 239 научници вчера ги повика властите, вклучувајќи ја и Светската здравствена организација, да признаат дека коронавирусот може да се шири и низ воздухот на растојанија од повеќе од два метра и соодветно да ги преиспита нивните упатства за превенција.

Во коментарот објавен во списанието „Клинички инфективни болести”, експертите напишаа дека студиите покажале дека „надвор од секакво сомневање” е дека вирусите можат да патуваат десетици метри во воздухот, а анализите на некои настани покажале дека истото важело и за вирусот Сарс-Ков. 2, што го предизвикува Ковид-19.

Нивните препораки вклучуваат поголема вентилација во затворен простор, воведување на високо ефикасни филтри за воздух и ултравиолетови ламби, како и избегнување на пренатрупаност во зградите и јавниот превоз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот