Светскиот шампион на Мундијалот во Катар ќе добие 50 милиони долари

Се зголемува фронтот против идејата на ФИФА за СП да се игра на секои две години/ фото: EPA-EFE/Kurt Schorrer

Репрезентацијата која ќе триумфира на Светкото првенство кое за две години ќе се игра во Катар ќе добие вистинско богатство од ФИФА.

Светската фудбалска федерација одлучи богато да ги награди репрезентациите кои ќе учествуваат на Мундијалот во Катар 2022 година и наградниот фонд ќе изнесува околу 700 милиони долари, што е за 22 проценти повеќе од претходното СП во Русија 2018 година.

Сумата која е предвидена за осигурување на фудбалерите и отштета за клубовите ќе биде одредена дополнително.

Шампионот на наредното Светско првенство ќе добие дури 50 милиони долари, што е за 12 милиони долари повеќе од тоа што го доби Франција за триумфот на Мундијалот во Русија. Претходно, Германија по победата на СП 2014 година во Бразил од ФИФА доби 35 милиони долари.

Секоја репрезентација што ќе обезбеди пласман на СП 2022 година ќе добие 10 милиони долари плус дополнителни два милиони долари бонус за подготовки.

Пласманот во осминафиналето носи уште два милиони, а во четвртфиналето дополнителни шест милиони долари.
Пласманот во полуфиналето вреди 25 милиони долари, третото место носи 30, финалистот ќе добие 40 милиони, а шампионот ќе инкасира 50 милиони долари.

Македонија против четирикратниот светски шампион во квалификациите за Мундијалот во Катар

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот