Светска премиера на документарецот на Тамара Котевска „Патување пеш“ на фестивал во Њујорк

Фото: Промо

Новиот документарен филм на режисерката Тамара Котевска, насловен „Патување пеш“ (The Walk), денеска ќе има светска премиера во Њујорк, на DOC NYC – најголем американски фестивал за документарни филмови.

Фото: Промо

Филмот е посветен на бегалците од Сирија и Палестина, сниман е две години на територија од повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во реализацијата на филмот учествуваа и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев.

Главен продуцент на филмот е „Grain Media“ – една од најголемите наградувани британски филмски компании фокусирана на документарните филмови. Македонски копродуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Како што соопшти ОХО, филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, обидувајќи се да си најде дом.

– Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, која ја следи одисејата на Амал преку два континента. Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија се двајцата исклучително талентирани актери кои се дел овој проект, а ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле се, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште. Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар – информира продукцијата.

Тамара Котевска / Фото: Profimedia

Режисерката Тамара Котевска постигна огромен успех како ко-режисер на документарниот филм „Медена земја“ во 2019 година, кога филмот доби три награди на култниот американски филмски фестивал „Санденс“, а следната година имаше номинации за Оскар во две категории.

ВИДЕО | Интервју со Тамара Котевска, дел од режисерскиот тандем на „Медена земја“: Имавме напорна турнеја низ САД како некој рок бенд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот