Светот е во трка по машината која спасува животи: Зошто респираторите се толку битни при лекување на коронавирус?

MOSCOW, RUSSIA - MARCH 27, 2020: A lung ventilator in an intensive care unit at Moscow's Filatov City Clinical Hospital No 15 starting to admit patients suspected of the COVID-19 infection. Stanislav Krasilnikov/TASS, Image: 510156666, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Stanislav Krasilnikov / TASS / Profimedia

Недостаток на респираторни машини би загрозил многу човечки животи во моментов, па здравствените власти ширум светот прават се’ што е во нивна моќ за да се снабдат со колку што е можно повеќе вакви машини.

Како што растат бројките на новозаразени лица со коронавирусот, здравствените власти ширум светот на повеќе начини се обидуваат да ги „наполнат“ своите болници со поголем број на респираторни машини, пишува Гардијан.

Поглед во болничка соба каде со респираторни машини во болницата Вивантес Хумболдт во Берлин, Германија / 26 март 2020, Берлин, Германија / ФОТО: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Автомобилската индустрија се нуди да помогне во создавањето на нови машини. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио вели дека итно им се потребни 15.000 вакви машини.

САД располагаат со 68.000 респираторни машини. Германија располага со 25.000 респираторни машини – експертите велат дека таа бројка е повеќе од доволна, со оглед на тоа што располагаат и со 28.000 кревети за интензивна нега. Русија располага со 40.000 респираторни машини. Велика Британија располага со 8,175 респираторни машини и очајно бара повеќе. Франција располага со само 5.000 илјади респираторни машини, исто како и Италија, која е доказ дека високоразвиените земји имаат потреба од најмалку 20.000 респираторни машини.

Инжинери во Краков на чело со Матеуз Јановски изработија респираторна машина со 3Д принт технологија. Прототипот во моментов е на фаза на проверка /26 март, Краков, Полска / ФОТО EPA-EFE/FILIP RADWANSKI Poland OUT

И додека поголемиот број лица кои се инфицирани со Ковид-19 искусуваат само „млаки“ симптоми, околу 6% од заразените се хоспитализираат, со постарите пациенти како најранливи.

Експерти за австралиското издание на Гардијан изјавиле дека доколку постои недостаток на респираторни машини, се подразбира дека човечките животи во тој случај би биле загрозени.

„Ова е криза бидејќи ако нема респираторни машини, пациентите ќе умрат“, вели проф. Дејвид Стори, заменик директор на Универзтот во Мелбурн за Интегрирана Критична Грижа и анестезиолог во болницата Остин.

Проф. Сара Рангантан, член на одборот на Белодробна Фондација на Австралија и директор на болницата за деца во Мелбурн вели „Искуствата во Италија и Шпанија, и калкулациите на математичарите ширум светот, велат дека бројот на лица кои ќе бидат критично заболени од Ковид-19 ќе го надмине капацитетот за нивна грижа на респираторни машини. Без пристап до истите, многу лица кои инаку би можеле да ја преживеат инфекцијата, ќе умрат“.

Што е респираторна машина и како работи?

Респираторен уред е мапина која се користи за поддршка на пациентите во тешка респираторна состојба коа им влијае на белите дробови, вклучувајќи и пневмонија.

Пред еден пациент да биде сместен на респиратор, д-р Деј вели дека медицинскиот персонал – најчесто анестезиолог, изведува процедура која се нарекува интубација.

Откако пациентот ќе добие седативи и ќе се опуштат мускулите, се пласира цевка во устата и во дишникот.

Д-р Деј вели дека процедурата е рутина, но кога станува збор за Ковид-19, медицинскиот персонал мора да биде екстремно внимателен за да не се инфицира со коронавирусот.

„Персоналот е облечен во скафандер кој заштитува од опасни супстанци“, вели тој.

Потоа цевката за дишење се пласира во респираторот и медицинскиот персонал може да го регулира нивото кое турка воздух и кислород во белите дробови.

Извор: BBC.com

Кога на пациентите им е потребна респираторна машина?

„Темпото на дишење ќе се зголеми, јаглеродниот диоксид во крвта оди нагоре и пациентот ќе изгледа потресено и збунето“, вели д-р. Деј.

Тој истакнува дека нормалното темпо на дишење е 15 здивови во минута, а кога темпото ќе дојде до 28 здивови во минута, тоа е знак дека можеби пациентот треба да добие респираторна поддршка.

Пред да се оди на респираторна машина, проф. Џон Вилсон при Кралскиот колеџ за физичари во Австралија и респираторен физичат, вели дека треба да има и други обиди да се зголеми нивото на кислород кај пациентот.

Овие „неинвазивни“ методи би можеле да бидат маска или кислородна боца.

Проф. Дејвид Стори вели дека со Ковид-19, медицинскиот персонал барал да избегне неинвазивни методи бидејќи пациентите се’ уште би кашлале и испуштале вирусни капки, што би придонело до зголемување на шансите некој од персоналот да се зарази.

Монитор на респираторна машина кој ја прикажува состојбата на пациентот во болницата Вивантес Хумболдт во Берлин, Германија / 26 март 2020, Берлин, Германија / ФОТО: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Колку брзо по инфицирањето на еден пациент би му требала респираторна поддршка и колку долго би траело тоа?

Проф. Сарат Рангантан вели дека откако доктор ќе утврди дека на пациентот му е потребна респираторна поддршка, тоа значи дека истата треба да ја добие многу брзо.

Тој истакнува „Пациентот може да одржан во живот во краток период со помош на рачна респираторна помош, како користење на маска со кислород, но штом се утврди дека му треба респираторна машина, тоа треба да се случи во наредните 30 минути доколку состојбата е критична“.

Проф. Дејвид Стори вели дека во потешките случаи на Ковид-19, кај пациентите може да се развие состојба на акутен респираторен дистрес-синдром, која мора да се третира со помала количина на кислород и воздух, но при повисоко темпо.

„Ова би можело да значи дека пациентот ќе треба да добива поддршка од респираторна машина со месеци“, вели тој.

За да се избегнат компликации при спуштањето на цевката за дишење низ грлото и хранопроводникот, проф. Стори вели дека потребно да се изврши трахеотомија за директно преку вратот, цевката да заврши во дишникот.

„Пациентите можат да бидат посвесни со трахеотомија и дупката заздравуава сама по себе“, вели проф. Стори, како превентивен процес кој ќе спречи пациентот да развие акутен респираторен дистрес-синдром, за кој како што пишува погоре, налага пациентот да биде зависен од респираторна поддршка со месеци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот