Светиот грал: Револуционерна таблета која ги уништува сите видови цврсти тумори во рана фаза

Фото: Wikimedia Commons

Научниците создадоа „свети грал“, лек за рак кој ги убива сите оформени клетки на туморот, додека не нанесува штета на здравите клетки.

Новиот молекул – со кодно име AOH1996 – таргетира протеин присутен во повеќето видови на рак кој им помага на туморите да растат и да се размножуваат во телото.

Најновата студија, објавена во списанието „Сел кемикал бајолоџи“ (Cell Chemical Biology), откри дека новиот лек бил тестиран на повеќе од 70 клеточни линии на рак и неколку нормални човечки клетки кои немале рак, но биле користени како контрола, пишува „Индипендент“.

Молекулот селективно ги убил канцерогените клетки така што го попречувал нивниот нормален репродуктивен циклус, спречувајќи ги клетките со оштетена ДНК да се поделат, запирајќи ја нивната понатамошна репликација, т.е. дуплирање на оштетените клетки.

Оваа комбинација на фактори предизвика клетките на ракот да умрат без да ги оштетат здравите клетки во процесот.

Лекот во моментот се тестира на луѓе во првата фаза на клиничкото испитување во медицинскиот центар за лекување на рак во Калифорнија.

 


– Повеќето таргетирани терапии се фокусираат на еден пат, кој му овозможува на итриот рак да мутира и на крајот да стане отпорен. При примената на новиот лек, доаѓа до изменети клетки на ракот во протеинот ПЦНА, при што нам овој податок ни овозможи да дизајнираме лек кој директно го таргетира ПЦНА во клетките на ракот – објаснила д-р Линда Малкас, професор на Одделението за молекуларна дијагностика и експериментална од овој центар.

Д-р Малкас рекла дека досегашните резултати се „ветувачки“ бидејќи молекулот може да го потисне растот на туморот сам или во комбинација со други третмани за рак „без никаква токсичност“.

Експериментите покажаа дека испитуваната таблета ги направила клетките на ракот поподложни на хемиските агенси кои предизвикуваат оштетување на ДНК или хромозомите, што укажува на тоа дека „АОХ1996“ може да биде од помош во комбинираните терапии и лековите што се применуваат.

Како следен чекор, истражувачите ќе настојуваат подобро да го разберат механизмот на дејствување за дополнително да го унапредат тековното клиничко испитување на луѓе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот