Свети Николе бара пункт за тестирање за коронавирус, за да не патуваат жителите до Велес

Во Свети Николе состојбата со вирусот е загрижувачка. Општинскиот кризен штаб бара отворање пункт за земање на брисеви во Здравствениот дом, со цел оние кои се сомнителни случаи да не патуваат во Велес. Градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека на територијата на општините Свети Николе и Лозово моментално има 198 заразени лица од Ковид-19, а 132 лица се во самоизолација по основ на контакт со заболени лица. Сите заразени лица се со полесни симтоми на болеста и вон животна опасност.

–На седницата се донесе одлука да се побара помош од екипи на ЦЈЗ Велес да отвориме пункт во Нов здравен дом, каде ќе можат да се земат брисеви на заболените лица од Ковид-19 кои досега мораа да одат на тестирање во Велес за да се утврди дали лицата се оздравени од коронавирусот. Со ова ќе ги намалиме трошоците за превоз за лицата но и намалување на бројот на транспорт од здравствениот дом во Свети Николе, вели Велковски.

Со цел подобро справување со вирусот, донесена е  одлука за барање на санитетско возило за потребите на Здравствениот дом, со што ќе се подобрат услугите на граѓаните на општина Свети Николе.

-За потребите на Црвениот крст Свети Николе, донесовме одлука да побараме возило од Црвениот крст на РСМ со цел навремена дистрибуција на потребни лекови и храна на заразените лица и лицата во самоизолација, вели Велковски.

Штип и денеска со двоцифрена бројка на новозазрени во здравствениот билтет. Епидемиолозите регистрираат 16 нови позитивни случаи на Ковод-19. Последните три дена се појавиле по еден или два случаи во шест нови конфекции, а заразените се јавуваат веќе со симптоми за да им се земат брисеви. На Инфективното одделение денеска се лекуваат 46 пациенти, а во извештајот кој го праќа Клиничка болница евидентиран е и еден штипјанец, кој починал, но како што велат бил негативен на коронавирусот, а  пред една недела е донесен од Домот за стари лица во Радовиш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот