Суптилниот феминизам на Агата Кристи, иконата на крими-романите, им давала моќ и разум на женските ликови

Според Гинисовата книга на рекорди, Агата Кристи е денес најпродавана авторка во светот со две милијарди продадени книги. Исто така, таа е единствена жена во светот чии три драми истовремено се изведувани на Вест Енд.

Агата Кристи е родена на 15 септември 1890 година, а најпозната е како авторка на криминалистички романи. Нејзините дела се најпродавани во светот, преведени дури на 103 светски јазици. Од нејзиното перо искочиле популарни ликови како Херкул Поаро и Госпоѓица Марпл, чии случаи имавме прилика да ги следиме и на нашите мали екрани.

Иако е најпозната по своите криминалистички романи, била успешна и во пишување на љубовни романи и драми. Нејзината криминалистичка драма „Стапица за глувци“, денес е најизведувана драма на лондонскиот Вест Енд, со над 25.000 изведби.

Првата книга ја напишала по облог со сестра ѝ која тврдела дека таа тоа не може да го направи.

„Кралицата на криминалистичките приказни“ израснала во Англија во релативно богато семејство, а со тоа имала пристап до високото и богато образование од најрана возраст и можност за книжевна работа. Како и во детството, така и во повозрасните години, била позната како „книжевен молец“, ревносна работничка и љубителка на животни. Како свои книжевни инспирации ги наведувала Викли Колинс, Чарлс Дикенс и Артур Конан Дојл, писател познат по детективските приказни за Шерлок Холмс. Нејзината официјална страница наведува дека првата книга ја напишала од облог со сестра ѝ која тврдела дека таа тоа не може да го направи.

Родена на крајот на викторијанското време кое не било благонаклонето кон жените, Агата Кристи зела најмногу од она што ѝ било понудено, а со својот книжевен опус му направила услуга на целиот свет. За нејзиниот успех сведочи и занимливоста дека еден од нејзините најславни ликови, Херкул Поаро, до денес е единствен измислен лик чиј некролог бил објавен во „Њујорк тајмс“. Госпоѓицата Џејн Марпл пак, како авторка повеќе ја симпатизирала, зборувајќи дека таа, за разлика од Поаро, никогаш не ѝ здодеала.

Госпоѓица Марпл е симпатична постара жена која може да се пофали со бистриот ум, острото око и цинизмот со чија помош ги решава своите случаи. Првпат се појавила во 1927 година, и уште тогаш покажала дека жената може да биде успешна, интелигентна и среќна без сопруг, што во првата половина на 20 век сè уште било тешко да се замисли. Успесите на женски книжевни ликови на Агата Кристи не се темелат на нивниот физички изглед, туку исклучително на нивниот ум кој неретко го надминува машкиот.

Женските ликови на Агата Кристи често возеле автомобил, давајќи им така пример на сите читателки дека и тие можат да возат. Самостојното возење на автомобил им давало моќ и независност на тогашните жени, а Агата помогнала во популаризација на сликата на жената зад воланот.

Тоа што можеби денес звучи смешно, но во раните години на 20 век било реалност, е дозволувањето на жените да возат автомобили. Женските ликови на Агата Кристи често возеле автомобил, давајќи им така пример на сите читателки дека и тие можат да возат. Самостојното возење на автомобил им давало моќ и независност на тогашните жени, а Агата помогнала во популаризација на сликата на жената зад воланот.

Агата Кристи е позната и по никогаш неразјаснетото исчезнување, кое звучи како да потекнува од некој од нејзините романи. Имено, по смртта на мајка ѝ, Агата дознала дека сопругот ја изневерува и дека сака да ја остави поради друга жена. Таа вечер заминала од дома и исчезната на 11 дена. Ја барале илјадници волонтери, била распишана и награда, а Артут Конан Дојл ангажирал и видовит човек да ја пронајде Агата, но од кралицата на крими-романите немало ни траг. По 11 дена била најдена во хотел во кој се пријавила под лажно име – со името на љубовницата на својот сопруг. Своето исчезнување никогаш не сакала да го коментира, па во медиумите почнало да се шпекулира дека тоа го направила поради публицитет или поради освета кон сопругот. Денес теоретичарите се на став дека Агата болувала од дисоцијативна фуга и амнезија поради преживеан стрес.

За исклучителна жена може да се смета и поради начинот на кој се справувала со разводот во време во кое разводот за жена значел материјална и морална пропаст.

Освен поради своите книжевни успеси, за исклучителна жена може да се смета и поради начинот на кој се справувала со разводот во време во кое разводот за жена значел материјална и морална пропаст. Агата Кристи не дозволила тоа да ја поколеба, туку напорно работела и објавувала книги станувајќи сè подобра и сè пославна авторка, при тоа грижејќи се за својата малолетна ќерка. После неверството на сопругот повторно нашла љубов, премажувајќи се за археологот Макс Малован со кого била во среќен брак сè до нејзината смрт, во 1976 година.

* Текстот оригинално е објавен на порталот operiseksizam.voxfeminae.net, интернет страница која, со менторство, ја уредуваат волонтери и волонтерки вклучени во проектот „Активни млади за родова еднаквост“.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот