Суперлигата требаше да ја финансира Саудиска Арабија

EPA-EFE/RON PRZYSUCHA

Германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ ја открива позадината на европската Суперлигата која сè уште е главна фудбалска вест во светот.

Според германскиот весник, главен финансиер на Суперлигата требало да биде Саудиска Арабија, односно принцот Мохамед бин Салман, додека инвестициската банка Џеј Пи Морган била само посредник.

Интересно е што првата екипа која се откажа од Суперлкигата е Манчестер сити кој е во сопственост на шеикот на Обединетите Арапски Емирати, Мансур бин Зајед бин Султан бин Калифа Ал Нахјан, кој по никоја цена не сака да биде дел од проект кој ќе го финансира Саудиска Арабија со која Емиратите немаат добри односи.  

Од истата причина и екипата на ПСЖ одби да се приклучи на Суперлигата иако во јавноста беше објавено дека тоа е поради фудбалски причини. Но „Зидојче Цајтунг“ пишува дека сопственикот на ПСЖ, катарскиот емир Тамин бин Хамад Ал Тани нема шанси да се натпреварува во лига која ја финасира принцот на Саудиска Арабија, држава која Катар го држеше под блокада и му наметна санкции.

Освен Џеј Пи Морган, главна улога во вметнувањето на приказната на саудискиот принц Мохамед бин Салман како главен финансиер на Суперлигата, одигра и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез чија градежна компанија АЦС треба да гради забавен парк во Саудиска Арабија вреден дури 6.5 милијарди долари.

Неверојатни вести од Шпанија: Суперлигата не ја срушија навивачите и УЕФА, туку еден од најмоќните европски политичари

Исто така голема улога покрај британскиот премиер Борис Џонсон, гво уривањето на проектот европска Суперлига имал е рускиот претседател Владимир Путин кој откако се дознало дека и Челси е дел од „лигата на богатите“ имал телефонски разговор со Роман Абрамович и извршил притисок над него за „сините“ да се откажат од проектот. Причината за тоа е што државната руска нафтена компанија Газпром е главен спонзор на Лигата на шампионите и е сопственик на рускиот шампион Зенит, додека Санкт Петербург е еден од градовите домаќини на ЕП.

Главниот финансиер се откажа од Суперлигата: Погрешно ја проценивме ситуацијата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот