Неверојатни вести од Шпанија: Суперлигата не ја срушија навивачите и УЕФА, туку еден од најмоќните европски политичари

Борис Џонсон EPA-EFE/WILL OLIVER

Шпанскиот весник „Ас“ тврди дека има сознанија оти најголем виновник за распадот на Суперлигата не се навивачите или УЕФА, туку британскиот премиер, Борис Џонсон.
Шпанскиот весник известува дека дека премиерот Џонсон одлучил да се вмеша во стопирањето на проектот кој го покренаа 12. европски клубови, од кои шест се од Премиер лигата, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливепрул, Челси, Арсенал и Тотенхем.

Џонсон според „Ас“ му покажа на светот како еден вистински политичар може да го реши проблемот експресно, па дури иако противниците му се милијардери.

„Ас“ пишува дека Џонсон им објаснил на сопствениците на клубовите дека британската влада не може законски да спречи некого да излезе од УЕФА и да формира свое натпреварување. Но, во исто време им напоменал дека постојат механизми со кои таквата одлука ќе им ја избие на нос. Еден од нив е зголемување на данокот на луксуз за сопствениците, а исто така британската влада им напоменала дека по напуштањето на ЕУ може да постави поинакви услови околу работните дозволи за фудбалерите кои се странци. Тоа значи дека екипите можат слободно да играат во Суперлигата, но притоа ќе заборават на можноста да носат засилувања надвор од Островот.
Газдите на екипите знаејќи дека Џонсон не зборува во празно и дека неговите закани може веднаш да ги реализира, посебно што „војната“ со нив му го крева рејтингот, сопствениците на Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челси, Арсенал и Тотенхем, почнаа да се повлекуваат од Суперлигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот