Главниот финансиер се откажа од Суперлигата: Погрешно ја проценивме ситуацијата

ЏП Морган / Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE

Европската Суперлига беше срушена за само 48 часа, а поразот сега го призна и главниот финансиер, инвестициската банка Џеј Пи Морган која требаше да ги обезбеди парите за „лигата на богатите“.
Проектот пропадна кога шесте англиски екипи (Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Челси, Ливерпул и Тотенхем) под притисок на јавноста, навивачите и на британската влада, се повлекоа од Суперлигата, а потоа нивниот чекор го следеа и Атлетико Мадрид, Интер и Милан.
Реал Мадрид, Барселона и Јувентус сè уште не се откажуваат, а откако на удар на критики се најде и главниот финансиер, Џек Пи Морган одлучи да се повлече од проектот.

„Јасно е дека погрешно проценивме како овој договор ќе го гледа широката фудбалска заедница и како нашата соработка ќе влијае на иднината. Од ова ќе научиме многу за нашите идни потфати“, стои во соопштението на еден од претставниците на инвестициската банка Џеј Пи Морган.

Исто така од банката открија дека овој неуспешен развој на настаните со Суперлигата и нанел огромна штета на угледот на банката како и дека примиле бројни пораки од незадоволни клиенти поради вмешаноста во проектот европска Суперлига.
Оваа банка беше главен финансиер на Суперлигата чија реализација ја водеше првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот