Суперлигата и УЕФА битката ја продолжуваат на суд

Учесниците во натпреварувањата под капата УЕФА ќе заработуваат повеќе пари со новиот договор/ фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Војната помеѓу УЕФА и ФИФА од едната и европската Суперлига од друга страна се префрли во Европскиот суд за правда каде ќе се решава еден од најголемите спорови во историјата на фудбалот.
Проектот Суперлига „живееше“ само 48 часа по што девет од вкупно 12 клубови основачи, се повлекоа од „лигата на богатите“ поради големиот притисок од навивачите, УЕФА, ФИФА и владите, но тое не значеше крај на проектот.

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус не подлегнаа на притисоците и најавите за суспензии од страна на УЕФА и одлучија да одат до крај со Суперлигата. Според последните сознанија, случајот заврши пред Европскиот суд за правда во Луксембург, а трите фудбалски гиганти тврдат дека УЕФА и ФИФА го прекршиле правото на конкурентност кое важи во државите во Европската Унија и дека поради тоа мора да платат.

Очекувањата се дека постапката може да трае со месеци, но поради итноста на случајот, можно е истиот да биде решен до почетокот на новата фудбалска сезона во Лигата на шампионите.
Бидејќи Европскиот суд за правда е највисока инстанца во законодавството, одлуката која ќе ја донесе ќе биде обврзувачка за националните судови и може да направи пресврт кога станува збор за судбината на европскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот