Суперлига: Алкалоид остана перфектен, Еурофарм Пелистер го прегази Голден Арт

Фото: РК Алкалоид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер и Алкалоид забележаа нови победи во денешните натпревари ракометната Суперлига.

Пелистер со убедлвии 39:16 немаше проблем против Голден Арт. Од самиот почеток на натпреварот беше јасно кој ќе слави, бидејќи фаворитот целосно го контролираше натпреварот.

Голден Арт се обиде нешто да направи вториот дел откако првиот го загуби со 21:7, но немаа многу успех.

Најефикасен кај „пелистерци“ беше Петар Атанасијевиќ со осум гола, Дејан Гошевски постигна седум.

РК Алкалоид славеше над Еурофарм Пелистер 2 (36:31) во рамки на десеттото коло од Суперлигата и остана единствен со максимален учинок. Maрко Стојковиќ беше најефикасниот кај Алкалоид со шест гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот