„Суперкомпјутер“ го предвидува победникот во Лига Европа

EPA-EFE/WILL OLIVER

Дуелот меѓу Арсенал и Челзи без сомнение ќе привлече огромно внимание, а „суперкомпјутерот“ кој се користи за прогноза на победникот, предвидува кој ќе триумфира на оваа пресметка.

Финалето за титулата меѓу Арсенал и Челзи во Лига Европа ќе се одигра на 29 мај на Олимпискиот стадион во Баку, Азербејџан.

„Суперкомпјутерот“ му дава поголеми шанси на Челзи (60%) за кој смета дека ќе биде новиот шампион во Лига Европа, гледајќи ги сите сегменти и резултати сезонава.

Од друга страна, пак, за „топчиите“ оваа средба е позначајна, откако не успеаја да обезбедат пласман во ЛШ преку Премиерлигата, па со победа над Челзи би биле петтиот англиски тим во елитата наредната сезона.

И светските обложувалници исто така им даваат предност на фудбалерите на Маурицио Сари. Последниот и единствен трофеј лондонските „сини“ во Лига Европа го имаат во 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот