Сугарески: Владата сè уште нема став околу евентуалното отворање на границите и аеродромите

Владата сè уште нема став околу евентуалното отворање на границите и аеродромите, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, коментирајќи ја одлуката на авиокомпанијата „Виз ер” да ги пролонгира летовите до Северна Македонија до средината на идниот месец.

– Како член на Кризниот штаб можам да кажам дека ја следиме ситуацијата, и согласно препораките кои ги дава Комисијата за заразни болести, ние разговараме и постапуваме по нив, и како штаб, а и во Владата. Во моментот сè уште немаме конечен став околу отворањето на границите и аеродромите. Очекувам овие денови, штом Комисијата го постави тоа прашање на дневен ред, да се разговара на седница на Кризниот штаб, по што Владата ќе донесе одредени одлуки, доколку тие треба да бидат донесени, истакна министерот Сугарески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот