Судир на трактор и автомобил кај тетовско Жеровјане, две лица завршија во болница

СВР тетово/ фото: МИА

Вчера во 17 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека во близина на клучката за тетовско Жеровјане, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале: трактор „имт 539“ без регистарски ознаки управуван од 33-годишниот И.Т. од тетовско Боговиње и патничко моторно возило „фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 67-годишниот Ш.М. од тетовско Жеровјане.

„Во несреќата, сопатникот од тракторот Г.Т.(60) од Боговиње се здобил со тешки, а возачот на „пасатот“ со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот