Студија: Во Италија 99 проценти од жртвите на коронавирусот страдале од претходна болест

Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Италијанските власти објавија дека во последните 24 часа уште 475 лица починале од новиот коронавирус од вторникот, а податоците од новата студија што ја објавија покажуваат дека повеќе од 99 проценти од жртвите страдале од претходна болест.

До вчера во Италија починаа 2,978лица, а поради огромното зголемување на смртните случаи во изминатата недела, експертите детално ги анализирале сите податоци за пациентите за да дознаат што ќе им помогне да се борат со брзото ширење на инфекцијата.

60 милиони жители на Италија живеат во карантин. / Рим, Март 2020 / ФОТО: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Апсолутниот карантин со кој се соочуваат Италијанците би можел да се продолжи ако не се забават нови случаи, соопштија властите денеска, мерка што ја разгледува премиерот Џузепе Конте. Во Италија досега животот го загубија осум отсто од заразените.

Студијата ја анализирала медицинската историја на приближно 18 проценти од сите што починале и откриле дека само три лица немале претходно болест. Речиси половина од починатите имале најмалку три болести и една четвртина имала една или две болести пред коронавирусот.

Исто така, истражувањето покажа дека 75 отсто од луѓето кои починале, имале висок крвен притисок и 35 отсто се соочувале дијабетес, додека третина имале срцеви заболувања.

Просечната возраст на заразените е 63, но повеќето од оние кои починале биле постари, а во Италија просекот е 79,5 години.

Пацентка заразена со Ковид-19 се транспортира во новата болница за лекување на заболени со коронавирусот во Италија / 16 мaрт 2020 / ФОТО: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

„Слободен печат“ уште пред неколку дена пишуваше дека медицинските капацитети во Италија се соочуваат со сериозни проблеми поради размерот на епидемијата на коронавирусот. Анестезиолоот Кристијан Салароли од Бергамо во интервју за „Кориере дела сера“ изјави: Во ситуација сме да мораме да правиме избор кого ќе спасиме, во зависност од возраста и здравствената состојба на пациентите. Исто како во воени ситуации“, а координаторка на болницата во Кремона, Федерика Пецети за „Ла Република“ призна дека повеќе две недели не го гушнала синот и дека плаче кришум.

Британски Телеграф, тврди дека најтешко погодениот регион во Италија подготвува нови мерки со кои се предвидува „кој ќе живее, а кој ќе умре“, односно дека лицата постари од 80 години ќе бидат оставени да умрат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот