Британски Телеграф: Италијанците постари од 80 години ќе бидат „оставени да умрат“

Фото: EPA-EFE/EDOARDO SISMONDI

Британски „Телеграф“ тврди дека имал увид во документот за спроведување на ваквиот протокол.

Најтешко погодениот регион подготвува нови мерки со кои се предвидува „кој ќе живее, а кој ќе умре“, пишува британски „Телеграф“. Според новите предлози на жртвите на коронавирус во Италија ќе им биде забранет пристап до интензивна нега ако се на возраст од 80 години или повеќе или со лошо здравје доколку се зголеми притисокот врз здравствениот систем. Ваквиот документ е доставен до единиците за управување со кризи во Торино.

Италијанцте го челичат менталниот дух преку пеење на своите балкони поради ригорозните ограничувања за движење – 14 март, Италија / ФОТО: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Весникот пишува дека имал увид во протоколот според кој точно се знае кои пациенти ќе добиваат третман на интензивна нега, а кој не доколку има недостиг на сместувачки капацитети. Со оглед на моменталната ситуација во Италија каде вирусот се шири со огромна брзина земјата многу брзо ќе се соочи со недостиг на легла за критичните случаи.

Волонтери им носат храна на оние кои не се во можност да го напуштат домот. Италија, 15 март 2020 / Фото: EPA-EFE/ANDREA CANALI

Во документот, изработен од департментот за цивилна заштита од регионот Пиемонт, кој е еден од најтешко погодените, се вели: „Критериумите за пристап до интензивна терапија во случаи на вонредна состојба мора да вклучуваат возраст помала од 80 години или оценка на индексот за коморбидитет на Харлсон (што означува колку други медицински состојби има пациентот) помалку од 5. ”

Во документот исто така се вели и дека „Растот на епидемија предизвикува точка на нерамнотежа помеѓу клиничките потреби на пациенти со Ковид-19 и ефективна достапност на интензивни ресурси.

„Доколку е невозможно да се обезбедат услуги за интензивна нега на сите пациенти, ќе биде неопходно да се применат критериуми за пристап до интензивно лекување, што зависи од ограничените расположливи ресурси“.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте на видео прес-конференција со медиумите. Рим, Италија, 16 март 2020. Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Документот е веќе комплетен и потребно е само одобрување од техничко-научен комитет пред да се испрати во болниците. Ваквите мерки се очекува да се применуваат низ цела Италија, соопштија владини извори, пренесува британскиот весник.

Според податоците објавени од италијанските здравствени работници во земјата регистрирани се повеќе од 1.800 смртни случаи, а овој број секојдневно расте, имајќи предвид дека во моментов земјата се соочува со повеќе од 20.603 заразени.

Пиаца Дуомо, една од најпознатите катедрали во светот и популарна туристичка локација, ретко може да се види празна како денес – 16 март, Милано, Италија. ФОТО: EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO

Италија во моментов располага со 5.090 легла за интензивна нега. Земјата работи на создавање нови сместувачки капацитет во приватни клиники, старечки домови, па дури и во шатори. На земјата и се потребни и доктори, медицински сестри но и опрема.

Ломбардија останува најкритичен регион. Сепак, ситуацијата е сериозна и во соседен Пиемонт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот