Студенти иноватори на скејтборд за деца со посебни потреби: Не сакаме да заминеме од земјата

Насмевката која што ја добивме од првиот корисник на овој скејтборд беше бесценета и тоа ни беше мотив да продолжиме да работиме, изјавија во „Утрински брифинг“ студентите од Машинскиот факултет од Скопје.

Четворица млади луѓе, студенти на Машинскиот факултет од Скопје кои направија прототип на скејтборд за деца со посебни потреби се гости во студиото на „Слободна ТВ“ во емисјата „Утрински брифинг“.

-Нашиот факултет не е само за оценки и дипломи, туку само да го искористиме знаењето за нешто подобро, се согласивме да се обидеме тоа да го направиме и мило ни е што успеавме. Прототипот се покажа добро и во разговори сме со деканатот на факултетот да изработиме уште неколку варијанти- велат студентите од Машинскиот факултет во Скопје.

-Првично сакавме да видиме дали функционира сето тоа, но сега размислуваме и од медицински аспект, да ја промениме конструкцијата, наместо скејтборд да ставиме помагало, со кое би се добила една друга варијанта.

Студентите велат дека имале дискусии со стручни лица, со доктори и специјалисти, со физиотерапевти и тие многу им помогнале да увидат кои точки од телото на корисникот се критични и кои треба да се фиксираат. Разговарале и со родители.

-Насмевката која што ја добивме од првиот корисник на овој скејтборд беше бесценета и тоа ни беше мотив да продолжиме да работиме,- кажаа во „Утрински брифинг“, Фросина Максимовска, Анастасија Игњатовска, Бобан Кусигерски, Ангел Анѓушев, млади студенти кои низ практична примена го користат знаењето добиено од факултетот каде што студираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот