Струмичкото дерби за Беласица

Фото: Академија Пандев

Екипата на Беласица ја продолжува битката за опстанок и по триумфот во градското дерби против Академија Пандев. Беласица дури во четвртиот обид, со головите на Дробаров и на Георгиев дојде до првата победа во дуелите со Академија Пандев и што е поважно ја продолжи битката за опстанок со Силекс кој исто така победи на домашен терен.

Силекс благодарение на голот на Георгиев во второто полувреме дојде до минимален триумф над Работнички.
На победничките патеки се врати и Вардар, по три нерешени натпревари, победен е тимот на Ренова со 2:0. Головите за „црвено-црните“ беа дело на Најдовски и на Жуниорс со што успеаја да и се реваншираат на Ренова за убедливиот пораз од 0:4 во првото пролетно коло.

Лидерот на табелата, Шкендија со 4:2 ја победи Македонија ЃП и дојде на девет бодови од освојување на шампионската титула.

Резултати од 29 коло:
Вардар – Ренова 2:0
Шкендија – Македонија ЃП 4:2
Академија Пандев – Беласица 0:2
Силекс – Работнички 1:0
Победа – Шкупи 0:3

Табела
1. Шкендија 66
2. Вардар 54
3. Академија Пандев 47 (-1)
4. Шкупи 39
5. Работнички 39
6. Ренова 36
7. Македонија ЃП 35
8. Силекс 31
9. Беласица 27
10. Победа 20 (-1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот