Страшни снимки од Олимп: Изгореа најмалку 30 куќи, меѓу повредените има и пожарникари

Во текот на ноќта, пожарникарите се обидуваа да го локализираат огнениот фронт и да го држат подалеку од археолошкиот локалитет, музеј и објектите на Меѓународната олимписка академија.

Пожарите во Олимпија продолжуваат да се разгоруваат втор ден по ред. Противпожарните бригади водат битка со оган на два фронта – во Крионери и Лала. Во меѓувреме, уште еден, помал пожар избувна во Пиргос, но набргу беше ставен под контрола.

Властите наредија евакуација на неколку околни места, но некои локални жители одбиваат да ги напуштат своите домови за да ги заштитат од пожарот.

Досега се евакуирани девет околни места во регионот Античка Олимпија, а во пожарите досега се уништени 30 куќи.

– Воздушните и копнените противпожарни сили продолжуваат да дејствуваат на подрачјето на античка Олимпија, со цел веднаш да се справат со евентуални повторувања на пожари – изјави за заменик -гувернерот Илија Василис Гианопулос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот