Стоматолог открива кои намирници можат да ви помогнат против лошиот здив

unsplash

Додека добрата орална хигиена или редовното четкање на забите со паста и чистење со конец е клучно за свеж здив, сепак, некои луѓе се борат со непријатните мириси кои се шират од нивната уста.

Стоматологот Дејвид Митола од Њујорк, открива дека некои намирници можат да помогнат во борбата против лошиот здив.

unsplash

Јаболка

Бидејќи јаболката се крцкави, тие помагаат да се отстранат бактериите и другите намирници кои се заглавени меѓу забите, вели д-р Митола. Тие содржат антиоксиданти наречени полифеноли, кои можат да го инхибираат растот на одредени бактерии и да го намалат производството на соединенија што предизвикуваат лош здив.

unsplash

Зелен зеленчук

За да го зачувате свежиот здив, можеби треба почесто да јадете салати.

Зелениот зеленчук како салата, спанаќ и кељ содржи хлорофил, природен дезодоризатор што ги неутрализира лошите мириси“, вели стоматологот.

Тие исто така, помагаат да се балансира нивото на „pH“, одржувајќи ја внатрешноста на устата помалку кисела. А покиселата средина ќе доведе до сувост на усната празнина и лош здив, посочува тој.

Profimedia
Profimedia

Магдонос, босилек и нане

Постои научна причина зошто магдоносот, босилекот и нането влијаат на свежината на вашата уста.

Тие содржат ензими кои се врзуваат за соединенијата кои содржат сулфур и помагаат во неутрализирање на мирисите“, вели д-р Митола.

unsplash
Ѓубрир

Иако ѓумбирот е најдобро познат како природен лек за проблеми со желудникот, тој исто така може да помогне во борбата против лошиот здив.

unsplash

Пробиотски јогурт

Веројатно сте слушнале дека пробиотиците одлично влијаат на нашето здравје. Сега на списокот здравствени придобивки може да го додадете и свежиот здив.

Имено, „пробиотскиот јогурт содржи и бактерии кои помагаат во борбата против другите бактерии во устата кои предизвикуваат лош здив“, вели д-р Митола. Но, задолжително проверете дали сте одбрале јогурт со помалку шеќер, затоа што бактериите сакаат шеќер.

Семе од анасон

Семето од анасон во Индија се користи со генерации како начин за борба против лошиот здив“, посочува д-р Митола.

Всушност, џвакањето на ова семе може да го зајакне производството на плунка и да помогне во исфрлањето на бактериите кои предизвикуваат лош здив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот