Стоматолог Илија Караманов: Што е темпоромандибуларна дисфункција?

Фото: Приватна архива/Профимедиа

Долната вилична коска или мандибулата е единствената подвижна коска на главата. Таа е поврзана со останатиот дел од скелетот на главата со две зглобни места, кои всушност ги образуваат двата темпоромандибуларни зглобови. Самите зглобови се составени од зглобната јамичка, која е дел од темпоралната коска, и главата на гранката на мандибулата. Помеѓу нив се наоѓа рскавичен зглобен диск. Сите овие елементи се ограничени со т. н. капсула на темпоромандибуларниот зглоб.

За да биде долната вилица подвижна, сите овие структури се поврзани со бројни мускули и лигаменти, кои го овозможуваат нејзиното движење и тоа, мускули што го овозможуваат отворањето на устата, мускули што го овозможуваат затворањето на устата и мускули што ги овозможуваат сите странични движења при џвакањето на храната.

Нарушувања на темпоромандибуларниот зглоб

Нарушувањето на кој било од елементите што го градат сложениот систем на темпоромандибуларниот зглоб, влегуваат во широката палета на темпоромандибуларната дисфункција. Таквите нарушувања можат да бидат главно од воспалителен карактер или од механички карактер. Разни воспалителни процеси што го зафаќаат пределот на темпоромандибуларниот зглоб можат да предизвикаат привремени или трајни нарушувања на работата на самиот засегнат зглоб. Механички повреди здобиени на различни начини исто така доведуваат до нарушена фукција. Како поретки причинители се појавуваат и туморозни творби во регијата на темпоромандибуларниот зглоб. Дури и неправилниот раст и развој на целиот скелет може да придонесе до појава на темпоромандибуларна дисфункција. Како елемент кој најмногу е засегнат е зглобната раскавица, која најчесто има изместена местоположба. Во таквите случаи, зглобните структури лизгаат меѓусебно на еден направилен и неприроден начин. Од стоматолошка гледна точка, најчести причинители за појава на оваа дисфункција се ортодонтските аномалии, губењето на поголем број заби, патолошката абразија, лошите протетски изработки и др. Претераното користење на гуми за џвакање и некои штетни навики исто така можат да предизвикат нарушување во работата на зглобовите.

Симптоми

Симптоматологијата на темпоромандибуларната дисфункција може да биде многу разновидна. Појавата на болка во зглобовите, звуци на крепитација, болна чувствителност на лицето во регија на зглобовите, појава на главоболка, вртоглавици, зуење во ушите, ограничено отворање на устата, болки при џвакање на храната, болки во вратната регија, дури и појава на болки во предел на ‘рбетниот столб, колковите и колената, можат да бидат аларм за темпоромандибуларната дисфункција. Асиметријата на лицето, асиметрија на вратот и држењето на рамената и искривувањата на ‘рбетниот столб исто така може да асоцираат на дисфункцијата на темпоромандибуларниот зглоб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот