Стојановски уште две години во МЗТ Скопје

фото: фејсбук/мзт

На тој начин и официјално популарните „штркови“ почнаа со формирање на тимот за новата натпреварувачка сезона.

Дамјан Стојановски се обврза да го носи „сино-белиот“ дрес и во следните две години.

На тој начин и официјално популарните „штркови“ почнаа со формирање на тимот за новата натпреварувачка сезона.

Зад македонскиот репрезентативец е можеби најдобрата сезона во кариерата и тоа со просек од 14,8 поени, четири скока и 1,6 асистенции на 22 средби во АБА2 и од 15,3 поени, 4,8 скока и 2,1 асистенции на 15 средби во домашната Прва лига.

Во неговата кариера има пет пет шампионски титули (2013, 2014, 2015, 2016 и 2019 година) и шест трофеи во Купот на Македонија (2007, 2009, 2013, 2014, 2016 и 2018), а четири пати беше избран за најкорисен МВП-играч во финалните серии од домашното првенство.

Од претходно е познато дека и тренерот Ѓорѓи Кочов го обнови договорот со „металците“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот