Стоичков има свој рецепт во борбата против коронавирусот

Поранешниот играч на Барселона живее во Мајами (САД), но не ги менува навиките кога е во прашање здравјето.

Заедно со препораките, секако многу е важно да се има силен имунитет, а овој период тоа го прави еден од најдобрите фудбалери во историјата на бугарскиот фудбал.

Христов Стоичков исто така свесен дека светот се наоѓа во тешки времиња поради епидемијата на коронавирусот, и дека многу спортски натпреварувања се одложени, прекинати.

Стоичков има свој рецепт во борбата против коронавирусот, односно тој оди по рецептот на својата баба.

Поранешниот играч на Барселона живее во Мајами (САД), но не ги менува навиките кога е во прашање здравјето.

– Јадам многу лук и кромид, пијам топла вода, и долго време стојам под туш со топла вода за да се заштитам од овој вирус.

Живеам со мојата сопруга и со мојата свекрва која има 80 години и токму за неа најмногу се грижиме затоа што коронавирусот главно ги напаѓа постарите луѓе.

Мојата ќерка живее во близина и една недела не сум го видел мојот внук, но не можеме да ризикуваме. Тоа е болест која се пренесува многу лесно – се зборовите на Стоичков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот