Стигна честитка и од српскиот претседател Вучиќ : Србија со цело срце ќе биде со вас

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на членовите на македонската фудбалска репрезентација и на сите граѓани на Македонија им го честита пласманот на Европското првенство кое ќе се одржи идната година.

Покрај пораката која на упати преку официјалниот Инстаграм профил, беше објавена и фотографија со заставите на Србија и Македонија.
На сите граѓаните на Македонија им честитам на историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија со цело срце ќе бидеме покрај вас“, напиша претседателот Вучиќ.


Утринава на социјалните мрежи се појавија неколку лажни вести, односно фотомонтажа, со честитка на српскиот претседател, но овој пат станува збор вистинска вест бидејќи е објавена на официјалниот профил на Вучиќ на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот