Степенот на терористичка закана во Шведска е подигнат на „второто највисоко ниво“

Фото: Jonathan NACKSTRAND / AFP / Profimedia

Шведската служба за безбедност (САПО) ќе ја подигне својата проценка за терористичката закана на „второ највисоко ниво“, објави денеска дневниот весник „Дагенс нихетер“ (ДН), повикувајќи се на неименувани извори.

Нивото на закана ќе биде подигнато од ниво трето на ниво четири на скала од еден до пет, според ДН.

Во претходно објавеното соопштение на САПО, се наведува дека денеска ќе се одржи прес-конференција во врска со националната безбедност, но службата не одговорила на барањето за доставување дополнителни детали за јавноста.

Во Шведска и во соседна Данска неодамна беа забележани серија протести во кои антиисламистички активисти запалија или на друг начин оштетија копии на Куранот, што предизвика бес во муслиманските земји и страв од напади дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот