Стејт департментот и ЕУ со реакција за инцидентот на натпреварот во Нови Пазар

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Американскиот Стејт департмент го осуди скандирањето за воените злосторници и ја поздрави реакцијата на властите за инцидентот кој се случи во неделата на фудбалскиот натпревар меѓу Нови Пазар и Партизан.

„Скадирањето за воени злосторници и геноциди се неприфатливи. Ја поздравуваме реакцијата на надлежните кои овозможија натпреварот безбедно да продолжи“ изјави неименуван потпарол на Стејт департментот за Глас Америке.нет.

Слична реакција имаше и од Европа. Потпаролката на Европската комисија Ана Писонеро Хернандез истакна дека ЕУ има принципиелен став за потребата од помирување и начинот на толкување на настаните од воените периоди.

„Прославувањето на воените злосторници, ревизионизамот и негирањето на документираните и утврдени факти за воените случувања, вклучувајќи го и злосторството, се во спротивност со нашите најосновни европски вредности“ изјави Писонеро Хернандез за Глас Америке.

Таа додаде дека е потребно да се даде почит на загинатите во војните и да се промовира демократијата, правдата и мирот на западен Балкан.

ВИДЕО: Мечот Нови Пазар-Партизан беше прекинат поради скандирање на воен злосторник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот