Додик побара дискусија на институционално ниво за одвојување

Милорад Додик
Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска повика на, како што рече, „разговори на институционално ниво за одвојување“.

„Отпадничките структури на босанските муслимани одамна ја напуштија уставната рамка и отстапуваат од се што претставува Дејтонската Босна и Херцеговина. Можеби Комшиќ мисли дека успеал да направи нешто затоа што останал воздржан, но тоа суштински не менува ништо, освен што ни е јасна пораката на нас во Република Српска  дека јавно покажаа дека сè што правиме за да ја зачуваме нашата уставна позиција е правилно и единствено можно во услови на постојано подметнување и обиди за уривање на Република Српска и заобиколување на процесот на одлучување со еднострано дејствување“, рече Додик.

Тој додаде дека тоа „отвора нови перспективи за РС“.

„Па, веќе не е толку невообичаено да се каже и да се очекува Република Српска да го стори истото. Има механизми за тоа. Потребно е да го официјализираме нашето мирно одвојување кое босанските муслимани го иницираа со своите еднострани потези и уривање на уставниот поредок. Би било најдобро за сите кои живеат во Босна и Херцеговина да започнеме дискусии за одвојување на институционално ниво, бидејќи мирното раздвојување е факт и треба да се направи се за да се обезбеди стабилност и соработка на начин кој е можен“, додаде Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот