СТЕ ЗНАЕЛЕ ЛИ: Зошто популарните „лубутанки“ имаат црвен ѓон?

лубутан црвен ѓон
Фото Профимедиа

Барем еден пар чевли со црвен ѓон и потпис на Кристијан Лубутан е желба речиси на секоја дама која негува беспрекорен моден стил.

Дизајните се секогаш одлични, а она што е највпечатливо, покрај високата потпетица, е интензивно црвениот ѓон, во нијанса која Лубутан ја има заштитено како дел од својата работа.

Инспирација за ваквиот дизајн бил, ни помалку ни повеќе, туку лакот за нокти на асистентката на Лубутан. Тој еден ден го „украл“ нејзиниот лак за нокти и обоил ѓон на една црна салонка. Резултатот го воодушевил и решил сите свои чевли да ги изработува на тој начин.

лубутан
Фото Профимедиа

За кратко време лакованиот црвен ѓон станал заштитен знак на дизајните на Кристијан Лубутан, без разлика дали се работи за високи салонки, сандали, па дури и патики и балетанки.

Исто така, во име на својата колешка, тој произведува лак за нокти во точно истата брендирана боја како ѓонот, а неодамна со потписот на Лубутан е произведен и течен кармин, но и мат цврст кармин, во истата црвена боја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот