Стартува пријавувањето за „Скопје трча 10К“

facebook.com/SkopjeRun

Од денеска стартува пријавувањето за трката „Skopje Run 10K” која ќе се одржи на 6 октомври. Тие кои ќе се пријават во текот на денешниот и утрешниот ден ќе може да го одберат својот стартен број.

За повеќе информации за „Skopje Run 10K” посетете ги официјалните канали за комуникација: http://www.skopje.Run и https://www.facebook.com/SkopjeRun.

Онлајн пријавувањето ќе биде активирано и кај партнерот за пријавување www.smartrace.club.

Секој учесник ќе може како дополнителен продукт да купи и dry fit маица со логото на трката, а 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели.

„Skopje Run 10K” веќе втора година е дел од календарот на Атлетската федерација (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА). Повеќе информации ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот